Тие тврдат дека „Гугл“ го промовирал својот сервис и кога други опции имале подобри понуди за корисниците.
„Гугл им ги давал главните позиции во пребарувањата само на своите шопинг сервиси а ги „криел“ ривалските понуди. Со тоа е нарушена конкуренцијата на пазарот“, истакнуваат од ЕУ.
Регулаторните служби на ЕУ на познатата фирма ѝ дадоа 90 дена да престане со нелегалните активности или ќе се соочи со казни во износ до 5 отсто од дневниот приход на компанијата сопственик на „Гугл“, Алфабет.
На интернет џинот сега му се закануваат низа тужби од конкурентите, кои тврдат дека „Гугл“ влијаел врз резултатите од пребарувањата и со тоа извршил негативно влијание врз нивното работење.