Европската комисија во средината на минатата година го претстави предлогот за воведување на прекуграничен механизам за прилагодување на јаглеродот (Carbon Border Adjustment Mechanism – CBAM), со цел да ја заштити својата економија од, како што наведува, нелојалната конкуренција. Имено, компаниите во ЕУ имаат обврска да плаќаат данок на своите емисии на CO2, што не е случај во многу други земји (вклучтелно и оние од Западен Балкан). Договорот на Европскиот парламент и Совет на ЕУ е еден од најважните чекори со кој прекуграничниот данок на CO2 од предлог ќе стане реалност.
Овој данок ќе се применува на железото, челикот, цементот, алуминиумот, ѓубривата и електричната енергија. Но, ќе биде проширен и на водородот, а под одредени околности и на индиректните емисии, како и на одредени секундарни производи. Новиот данок ќе биде прв од ваков вид во светот и во целост ускладен со правилата на Светската трговска организација (СТО). CBAM ќе се применува од 01.10.2023, со преоден период во кој увозноците само ќе известуваат за емисиите на стоката која ја увезуваат во ЕУ. Должината на овој преоден период ќе биде ускладена со укинувањето на бесплатните дозволи во склоп на системот за тргување со емисии на ЕУ (EU ETS). Предлогот на Евроспката комисија е предониот период да трае 3 години, но околу тоа прашање допрва треба да се преговара. По завршувањето на преодниот период, компаниите кои увезуваат во ЕУ ќе имаат обврска да купат CBAM сертификати. При крајот на преодниот рок, Европската комсиија ќе процени дали ќе го прошири списокот на производи за кои ќе се плаќа овој данок. Целта е до 2030 година, да бидат опфатени сите производи кои се во EU ETS. Тогаш ќе биде проценета Fit for 55.
Јасно е дека CBAM ќе им донесе финанскиски трошоци на земјите од Западен Балкан, поради што стручњаците од регионот инсистираат ова прашање да стане една од главните теми во овие држави.