Неодамна Европската Комисија најави воведување на нови CO2 ознаки за емисија, наменети за воздушниот сообраќај. Иницијативата би требало да стане оперативна во јули 2025 година, со цел да ги промовира опциите за летање кои се еколошки поприфатливи.
Иако воведувањето на ознаките нема да биде задолжително, ова е чекор кон транспаретност во известувањето за влијанието на авионските патувања врз животната средина. Ознаката е осмислена за да овозможи јасно и сигурно пресметување на емисиите на гасови на стаклена градина кои ги генерираат различните летови. Преку оваа иницијатива, се настојува да се стандардизираат постоечките различни летови и често неспоредливи методи кои ги користат авио компаниите и продавачите на билети во однос на проценката на емисиите. Од летото 2025 година, патниците ќе имаат прилика да ги видат и споредат проценетите емисиии на своите летови.
Извештајот на организацијата Transport & Environment покажува дека најголемиот дел од авио компаниите (87%) не преминува ефикасно на користење на одржливи авионски горива (SAF), клучни за намалување на влијанието на овој вид сообраќај врз животната средина. Овој сектор, кој е одговорен за околу 3% од глобалните емисии на CO2, е обврзан да достигне нулта емисија до 2050 година. Но, постојат бројни предизвици на тој пат, како што се доцнењата во испорака на поновите генерации на горива и сл.
Новата ознака за емисиите е клучен дел од регулативата ReFuelEU Aviation, која промовира употреба на одржливи горив. Ознаката ексклузивно ќе ја издава Европската агенција за безбедност на воздухопловството (EASA).