Насловна / Вести / Европската Комисија вложува во одржливи сообраќајни решенија во Хрватска

Европската Комисија вложува во одржливи сообраќајни решенија во Хрватска

Минатата недела Европската Комисија одобри инвестиција во вредност од 311 милиони евра од фондот за кохезија, за надградба на делницата Хрватски Лесковац – Карловац во должина од 44 километри од хрватската железница на коридорот Загреб – Риека.

Се работи за високо анселено подрачје и з аеден од главните хрватски логистички центри. Со овој проект ќе се ограничи негативното влијание врз животната средина, бидејќи ќе се придонесе за замена на патниот со железнички сообраќај, а ќе се намали и времето на патување.

Овој проект кој би требало да биде оперативен до крај на октомври 2023 година, е дел од огранокот Риека – Загреб – Будимпешта, на трансевропската сообраќајна мрежа  (TEN-T) медитеранскиот коридор и Европскиот железнички товарен коридор 6 кој го покрива регионот на средоземјето.

cohesionfund1

cohesionfund2

cohesionfund3

Испрати коментар

Scroll To Top