Европската Комисија сака сите земји членки ан Унијата да имаат пристап до ТПГ (Течен Природен Гас) како алтернатива во случај на енергетска криза. Европската Комисија планира својата ТПГ стратегија да ја објави до декември, а кажано е дека тој документ ќе ги истражи сите потенцијали на ТПГ во смисла на диверзификација на снабдувањето во кризни ситуации. Најголем дел од капацитетите за увоз на ТПГ се концентрирани во Шпанија, Потругалија, Франција и Велика Бритнија, но 75% од нив не с екористат, покажуваат пдатоците. Недостатокот на потребна инфраструктура го отежнува транспортот на овој гас кон средна и источна Европа каде е најголемата зависност од рускиот гас.
Стратегијата на Европската комисија би требало да ги анализира инфраструктурните проблеми, регулаторните прашања како и пазарните и правните пречки. Стратегијата ќе биде дел од поширокиот законски пакет за гасот, заедно со ревизијата на регулативата за сигурност во снабдувањето и долгата листа на клучни инфраструктурни проекти. Коментарите во склоп на неформални консултации може да се предадат до 20-ти септември.