Насловна / Вести / Европската комисија предлага темелни реформи во енергетскиот сектор

Европската комисија предлага темелни реформи во енергетскиот сектор

Европската комисија пред неколку дена го претстави енергетскиот законодавен пакет за кој вели дека претставува целосна трансформација на европскиот енергетски систем, односно забрзување на транзицијата кон чистите извори на енергија. Се работи за илјада страници кои содржат предлози за темелни реформи на пазарите на електрична енергија и подобра интеграција на сега расцепканите пазари, со цел подобро искористување на обновливите извори во енергетскиот микс.h_53141205

Законодавните предлози за чиста енергија за сите Европејци ја опфаќаат енергетската ефикасност, енергијата од обновливи извори, пазарот на електрична енергија и правилата за управување во рамките на енергетската унија.

Пакетот мерки вклучува и мерки за субвенционирање на иновации во областа на чистата енергија и енергетската реконструкција на зградите.simone_georg_17-09-15

Европската Унија во рамките на Париската спогодба за климата се обврза дека до 2030 година ќе ја намали емисијата на стакленички гасови за 40%, споредено со нивото од 1990 година.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top