Како дел од следниот долгорочен буџет за периодот 2021 – 2027 година, Европската Комисија предложила поддршка од 42,3 милијарди евра, во “Инструмент за поврзување на Европа“, финансиски инструмент наменет за вложување во инфраструктурни приоритети на ЕУ. Вложувањата ќе се поделат на сообраќајна инфраструктура (30,6 милијарди евра), енергетика (8,7 илијарди евра) и дигитализација (3 милијарди евра). Тоа е зголемување од 47% споредено со периодот 2014 – 2020 година. Комисијата за следниот период планира да се зајакне заштитата на животната средина и тоа со 60% од буџетот. Со тоа ќе се потврди лидерската позиција на Унијата во борбата против климатските промени. Исто така, Европа сака и натаму да остане предводник во транзицијата кон „чиста енергија“ и да стане водечки светски производител на енергија од обновливи извори. Посебен акцент ќе се стави и на декарбонизација нa сообраќајот преку избор на еколошки прифатливи инфраструктурни алтернативи (како на пример железницата), развој на мрежа за електрични возила и сл.