Насловна / Вести / Европската комисија објави нова листа на енергетски проекти од заеднички интерес, a ниту еден од нив не ја вклучува Македонија

Европската комисија објави нова листа на енергетски проекти од заеднички интерес, a ниту еден од нив не ја вклучува Македонија

Европската комисија ја ажурираше листата на проекти од заеднички интерес  (projects of common interest — PCI). Тие инвестиции во прекугранична инфраструктура би требало да го направат европскиот енергетски пазар поинтегриран и поотпорен, а во исто време да помогнат во остварувањето на зацртаните климатски цели. Петтата листа на PCI е проследена до Европскиот парламент и Европскиот совет на разгледување. Процесот може да потрае најдолго четири месеци. Проектите кои се наведени нa листата не добиваат автоматски финансирање од буџетот на Европската унија, но според прописите за Трансевропски енергетски мрежи (TEN-E), можат да добијат средства од Инструментот за поврзување на Европа (Connecting Europe Facility – CEF). Оваа петта  PCI листа содржи 98 проекти: 67 проекти во пренос на електрична енергија и складирање, 20 во гас, 6 во проекти за намалување на CO2 и 5 за паметни мрежи. Што се однесува до регионот, повеќе проекти ги вклучуваат Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Грција и Словенија, но за жал ниту еден од нив не ја вклучува Македонија.

pci1

Во категоријата природен гас, еден кластер ќе овозможи развој на Балканскиот гасен јазол. Во него се поврзувањето на Грција и Бугарија од Комотини до Стара Загора. Проектот за интерконекција на Бугарија и Србија, има за цел поврзување на гасните мрежи на двете држави и вреди 76 милиони евра. Понатаму, планирано е проширување на капацитетот на складиштето за час Чирен во Бугарија, изградба на ново складиште во Кавала, Грција, како и проширување на капацитетот на складиштето за гас во Таргу Муреш во Романија. Гасоводот Lučko-Zabok-Rogatec ќе ги поврзува Словенија и Хрватска.

pci2

Што се однесува до развојот на паметните мрежи, за Балканот се интересни два проекти. CARMEN во Романија и во Унгарија има за цел подобрување на функционирањето на дистрибутивната мрежа и квалитетот на услугите, како и обезбедување на енергија од обновливи извори. Вториот проект, Green Switch, ги поврзува Австрија, Хрватска и Словенија, со цел оптимизација на користењето на постоечката инфраструктура и интегрирање на новите технологии за зголемување на капацитетот и сигурноста во снабдувањето.

pci3

Испрати коментар

Scroll To Top