Комесарката за енергетика на ЕУ, Кадри Симсон, ја повика Франција да ја подигне својата цел за обновливи извори на енергија на „барем 44%“, до 2030 година, предупредувајќи дека ќе се разгледаат чекори на ниво на ЕУ во случај на пропусти. Фраанција досега одбиваше да постави цел за обновливи извори на енергија за 2030 година, наместо тоа заговарајќи поширока цел за декарбонизација до истиот рок, низ комбинација на нуклеарна енергија и енергија од обновливи извори. Со оглед дека се ближи јунскиот рок за поднесување на конечните Национални планови за енергетика и клима на земјите од ЕУ, Европската Комисија на некој начин влегува во конфликт со Франција, инсистирајќи да дадат свој фер придонес во целите на ЕУ за обновлива енергија.
Според пресметките од Брисел, Франција мора да постигне барем 44% удел на обновливите извори на енергија во својата финална енергетска потрошувачка до 2030 година, со цел да приидонесе кон целите на ЕУ од 42,5%, како што е пропишано со Директивата за обновлива енергија, ажурирана минатата година. Франција веќе ја пропушти зацртаната цел за 2020 година.