Насловна / Вести / Европската Комисија инвестира 2,4 милијарди евра во зелени технологии

Европската Комисија инвестира 2,4 милијарди евра во зелени технологии

Европската комисија распишала нов повик за поднесување предлози во склоп на програмата на Фондот за иновации, наменет за поддршка на развојот на нискојаглеродни технологии. Вкупниот буџет за овој повик е 2,4 милијарди евра, а целта е зајакнување на европската конкурентност и капацитетите во енергетски интензивните индустрии, складирањето на енергија, како и зафаќање, складирање и употреба на јаглеродот.

Фондот за иновации претставува еден од најголемите светски програми за финансирање на нскојаглеродни технологии, а средствата се обезбедени преку системот на ЕУ за тргување со емисии. Со проценетите приходи од 40 милијарди евра од системот за трговија со емисии во периодот од 2020 до 2030 година, Фондот е осмислен со цел обезбедување на финансиски субвенции за компаниите и јавниот сектор за инвестирање во напредни технологии, поддржувајќи го на тој начин преминот кон климатска неутралност.

Поддршката е наменета за проекти од секаков обем – од мали пилот иницијативи до големи индустриски зафати со фокус на валидација, тестирање и оптимизација на иновативни решенија. Приоритет се истите технологии кои имаат потенцијал да донесат значајна промена не само во индустриите, туку и во секојдневниот живот ширум Европа.

 

Испрати коментар

Scroll To Top