Европската Комисија на неодамна одржаната свеченост во Брисел ги објави добитниците на наградите Europeanmobilityweek за 2018, како и седмата по ред награда за планирање на одржлива градска мобилност.
Во категоријата на поголеми градови (над 50.000 жители), наградата Europeanmobilityweek зa 2018 година ја доби Лисабон, додека наградата за помали градови ја доби Линдау. Наградата за планирање на одржлива градска мобилност му е доделена на Манчестер.
Овие награди, според Европската Комисија, доделени се на телата на локалните власти кои од 16ти до 22ри јуни 2018 година организирале највпечатлив збир од активности со кои ја истакнале важноста на одржливата градска мобилност. „Европските градови се соочени со бројни предизвици, од лош квалитет на воздух до климатски промени. Наградените градови ни покажуваат колку е важно на кој начин се движиме низ градовите, односно дека храбрите одлуки со кои се поттикнува одржлив превоз можат многу да придонесат во решавањето на овие големите предизвици“ велат од Европската Комисија.