Европската енергетска заедница(ЕЦ) најверојатно до крајот на септември ќе воведе санкции за Босна и Херцеговина (БиХ) бидејќи оваа земја го нема уредено на државно ниво пазарот на гас, потврди Дирк Бушле, заменик директор на ЕЦ.
„Предложивме да се суспендира финансиската помош на Европската енергетска заедница за одредени енергетски проекти во БиХ. Сметаме дека таквиот вид на казна ќе биде ефикасна од политичките казни како суспензија на правото на глас на БиХ во ЕЦ“, рече Бушле во разговор што во четврток го објави „Дневни аваз“.
Одлуката за санкции на БиХ се очекува на министерски состанок на ЕЦ што ќе се одржи во Киев на 23 септември.