Од 13 до 17 јуни, во Брисел ќе биде одржана Европската недела на одржлива енергија. Во рамките на оваа манифестација ќе биде одржана конференција посветена на прашањата за одржлива енергетска политика, најдобри практики и одржливи идеи.
Конференцијата е во организација на Европската Комисија, а се очекува да учествуваат преставници од енергетските агенции, индустријата, невладини организации и граѓанскиот сектор.
Во текот на европската недела на одржлива енергија ќе бидат доделени и награди за иновативни проекти во категориите: претприемништво, јавен сектор, потрошувачи и граѓански сектор.