Годишната конференција на Европското здружение на производители на автомобили (ACEA) под името „Заедничко намалување на емисиите на јаглерод диоксид во патниот сообраќај“, ќе биде одржана на 16 февруари во Брисел.
Во рамките на конференцијата организирана е панел дискусија на оваа тема. Ќе бидат претставени резултатите од независното истражување на интегрираниот пристап во намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид, но ќе бидат идентификувани и најдобрите заеднички решенија во контекст на исполнувањето на зацртаните планови во борбата со климатските промени.
На конференцијата, освен претставниците од автомобилската индустрија, ќе присуствуваат и производители на камиони, претставници од индустријата за горива, членови на Европскиот парламент и други.