Од 17-ти до 19-ти ноември, во Женева, Швајцарија, ќе биде одржана европска есенска конференција за природниот гас. Во рамките на конференцијата ќе се зборува за глобалната состојба во енергетиката, падот на цената на нафтата на светскиот пазар, како и поврзувањето на пазарите на гас и новите глобални предизвици. На конференцијата ќе присуствуваат претставници на Европската комисија, Енергетската унија, ресорни министерства и енергетски компании.