Од 27-ми до 28-ми јануари 2016 година во Нант, Франција, ќе биде одржана конференцијата за биогас насловена „Biogaz Europe 2016“. Конференцијата се организира по шести пат и претставува водечка конференција од оваа област во Франција.
Некои од темите за кои ќе се зборува се финансирање на проекти од областа на биогасот, анаеробна дигестија на биомасата, производство на биометан, како и претставување на најновата технологија. Конференцијата ја организира Bioenergy Events and Services.