Насловна / Вести / Европска Комисија: Нови насоки за подготовка на климатските проекти

Европска Комисија: Нови насоки за подготовка на климатските проекти

Европската Комисија (ЕК), ги објави новите технички насоки за подготовка на инфраструктурни проекти за климатските промени во периодот 2021-2027 година. Насоките ќе придонесат за вклучување на климатските прашања во идните вложувања за развој на инфрастраструктурно проекти во различни области – згради, мрежна инфраструктура и сл. Така на европските институционални и приватни вложувачи, ќе им се овозможи донесување на издржани одлуки за проектите, во согласност со Парискиот договор. Овие насоки ќе и овозможат на Европската Унија да го спроведе „Европскиот зелен план“. Тие се во согласност со целта за намалување на емисиите на стакленички гасови за 55% до 2030 година, постигнување на климатска неутралност до 2050 година, и го следат начелото „енергетската ефикасност на прво место“, како и начелото „не нанесува битна штета“. Тие исто така ги исполнуваат барањата од законодавните акти за неколку фондови на ЕУ, и тоа за програмата InvestEU,Инструментот за поврзување на Европа (CEF), Европскиот фонд за регионален развој (EFRR), Фондот за кохезија (KF) и Фондот за праведна транзиција (FPT).

guidance1

guidance2

Испрати коментар

Scroll To Top