Насловна / Вести / Европска инцијатива за чиста енергија

Европска инцијатива за чиста енергија

Evropska inicijativa za cista energija

Четиринаесет водечки европски енергетски компании и стручни здруженија, ја претставија иницијативата која има за цел укинување на поддршката за технологиите во енергетскиот сектор со штетни емисии. Се работи за иницијатива под името  ‘Make Power Clean’ и вклучени се и компании кои главно користат фосилни горива, и компаниите кои се посветени на обновливите извори на енергија. (Shell, Siemens, Statoil, Total, Eni, Nordex, Snam, Acciona, Iberdrola, Gas Natural Fenosa, Eurogas, Solar Power Europe, Wind Europe). Нивната заедничка цел е поттикнување на флексибилноста на европскиот електроенергетски пазар и подготовка за енергетска транзиција на континентот.

Evropska inicijativa za cista energija1

Затоа, се повикуваат Европската Комисија и Европскиот парламент да ја запрат државната помош за електроенергетските постројки кои се загадувачи, бидејќи денес алтернативите се подеднакво достапни. Во таа насока, се предлага ограничување на достапноста до средства за поддршка на сите енергетски капацитети кои имаат емисија на јаглерод диоксид над  550 g/kWh. На тој начин, предводниците на иницијативата сметаат дека ќе се поттикне декарбонизацијата во Европа.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top