Насловна / Вести / Европа во проблеми – пазарите на гас стануваат исклучително нестабилни

Европа во проблеми – пазарите на гас стануваат исклучително нестабилни

Европските пазари на гас постојано флуктуираат последните месеци поради ремонтите во гасните постројки и други фактори, а од неодамна и поради штрајковите на вработените во големите постројки за течен природен гас (ТПГ) во Австралија. Имено, работниците на постројките за експлоатација на природен гас во Западна Австралија, кои се во сопственост на американскиот енергетски гигант „Шеврон“, стапија во штрајк после долготрајниот спор за неисплатени плати и условите за работа.

A general view of Chevron's Wheatstone LNG facility

Австралија е еден од главните играчи на глобалниот пазар на ТПГ, иако најголем дел од нејизниот извоз е наменет за Јапонија, Кина и Јужна Кореја. Моменталните штрајкови веројтно ќе доведат до тоа Азија и Европа да се натпреваруваат за купување на ТПГ од други добавувачи. ЕУ ја достигна целта за исполнетост на складишните капацитети до 90%, речиси два месеци пред зацртаниот рок. Но, Меѓународната агенција за енергетика (IEA) предупредува дека дури ни полните складишта не се никаква гаранција против тешките пазарни услови во текот на зимата. Некои аналитичари веруваат дека штрајковите во Австралија се единствениот фактор кој веројатно ќе го одржи растот на цените во наредните месеци.

gass2

 

Испрати коментар

Scroll To Top