Насловна / Вести / Европа во Македонија!

Европа во Македонија!

Градскиот стадион во Скопје, првично е изграден во 1947 година. Денешниот изглед почнува да го добива во далечната 1978 год. кога е изработен проектот за јужната трибина од страна на проектно биро на ДГ Бетон – Скопје, по урнекот на стадионот Пољуд во Сплит, кој за тоа време претставувал успех во проектирањето на стадиони посебно во покривната конструкција. Финалниот изглед го добива во 2007 година со најновата проектна документација, првично само за северната трибина, а потоа и за преостанатите две трибини, исток и запад, фасадното обликување со илуминација, реконструкцијата на јужна и изведба на целосно нов кровен покривач како и целосна реконструкција на теренот и атлетските борилишта.GIO_7861

Со изработката на идејниот проект за северната трибина, се пристапи кон комплетно приспособување на стадионот кон сите актуелни светски стандарди и потреби за функционирање на еден современ стадион. 311

Покрај проектирањето на нови соблекувални за фудбалери и судии, се предвидoа и прес-сала како и работни простории за новинари и фоторепортери. Со оформувањето на преостанатите три трибини се направи и современо фасадно обликување со илуминација.

001

Во моментов целосно е реализирана фасадата на источната трибина како и застаклувањето на северната трибина. Останати се два калкански ѕида кои според проектната документација треба да бидат изведени со иноксни жалузини и натстрешница пред локалите и влезовите во приземјето. Во приземјето на северна трибина, уште во фаза на идејниот проект, предвидовме и внатрешна сообраќајница со широчина од 6 метри, за безбеден пристап како на фудбалерите со автобуси до пред соблекувалните, така и за ВИП-гости.107

За потребите на Суперкупот во фудбал се изведе климатизација и вентилација на сите простории кои се во функција на стадионот за спортски активности. Во делот на источната трибина се уреди целото приземје (1.600м2) како Центар за акредитација, канцеларии за УЕФА, простор за ФФМ и волонтери. Исто така по барање на УЕФА на вториот кат од северната трибина направен е ресторан за гостите на спонзорите од 1.680 м2 со две кујни и санитарии за гости. ВИП-ресторанот се зголеми на 900 м2 корисна површина.

117 008

Малку податоци за стадионот низ бројки :

Основната носива конструкција на целиот стадион е со коси греди со пресек 80 х 220 см на меѓусебно осовинско растојание од 8 метри, потпрени на вертикални столбови и платна кои исто така формираат полиња со приближен распон од 8 х 8 метри. На источна и западна трибина се добија деловни простории распоредени во две нивоа од поттрибинскиот простор, додека на северна трибина има четири нивоа на поттрибински простор. Во моментов, со оформувањето на фасадата на двете трибини практично добивме деловен простор, целосно климатизиран и вентилиран со површина од 1.600 м2 на исток и 5.350 м2 на северна трибина, распоредени во четири нивоа. Со дополнителни вложувања во довршување на поттрибинскиот простор можат да се добијат уште околу 4.800 м2 корисна површина. Главно станува збор за подови, плафони и инсталации, бидејки конструктивните елементи и фасадата се завршени.D:!!!STADIONPDF3071-4_STAD SEV_OS_IZ_predadeno vo JP3071-4_S

Кровниот покривач е изведен со челични носачи кои се со различна должина. На исток и запад се долги по 19,5 метри, а на север и југ се со променлива должина и се движат од 19,5 метри до 43 метри, прицврстени за косите носиви греди кои во горната зона завршуваат со т.н. седмици. Вградени се повеќе од 2.000 тони челик само во главните носачи на целиот стадион, плус секундарната челична конструкција која не е за потценување со својата тонажа и служи за носење на кровниот покривач. Самата кровна површина е изведена од 1/3 пластифициран ребрест лим и 2/3 трослоен лексан кој е поставен да овозможи подобра осветленост на трибините во дневните часови. Кровот на двете главни трибини е изведен во параболична форма, што му дава посебна убавина на стадионот кога го гледаме во неговата силуета и самото архитектонско обликување.

017

Полнењето на стадионот е предвидено да се изведува преку четири пристапни моста, два на јужна и два на северна трибина. Секој мост служи за полнење на четвртина од стадионот. По поминувањето на контролните бариери, на публиката ѝ е овозможено кружно движење низ целиот стадион за што се изведени вкупно 30 излези кон трибините. На трите трибини има по 6 излези, а на северна трибина се изведени вкупно 12 излези, за побезбедно и побрзо празнење на трибините. Во случај на потреба има 7 скалишни јадра кои се користат само во случај на паника и брза евакуација на посетителите. Бидејќи секој стадион се димензионира за време на празнење, кај нас се задоволени сите стандарди да стадионот биде испразнет за 15 минути. Покрај главните правци на движење, само во случај на најголема итност и паника, има изведено и 24 метални скали кои водат кон теренот за фудбал. Во нормални услови тие не се користат.

204

Капацитетот на стадионот е: јужна трибина 10.574, источна 5.648, западна 5.580 и северна 9.617 од кои 8.795 публика, 288 новинари и 434 ВИП-седишта. На северна трибина имаме и 50 лица во количка и 50 седишта за придружници на лица со посебни потреби. Овие се последните бројки по кои одеше и продажбата на билетите за Суперкупот во фудбал, така што вкупниот капацитет на Арената е 31.419 места.

206a

Осветлувањето на стадионот е едно од најдобрите во Европа. Кога се започна со изградбата на северна трибина на тогашниот градски стадион имаше 4 големи столба, на кои беа поставени повеќето рефлектори како и рефлекторите наместени во задниот дел на кровниот покривач по цела должина на јужна трибина кои даваа околу 1.100 лукса и правеа четири сенки кои „трчаа“ заедно со фудбалерите. Ова се само сеќавања. Денес имаме: првично 216 метал-халогени рефлектори кои даваат околу 1.900 лукса, а за Суперкупот се додадоа уште 95 ЛЕД-рефлектори со кои се добива просечна осветленост од 2.480 лукса. Секој рефлектор има своја посебна точка на насоченост кон теренот, а меѓусебно се вкрстуваат правците.

209

Денес веќе имаме уедначена осветленост без сенки од играчите, и согласно со потребите и нивото на натпреварите можеме да ја бираме и јачината на осветлување од 1.500 до 2.500 лукса. Тоа значи дека за секој натпревар, не треба и максимална осветленост. На овој начин е зголемен и квалитетот на ТВ-преносите. Согласно прописите од ФИФА и УЕФА, секој стадион кој сака да биде домаќин на меѓународен натпревар, мора да има и свој УПС-систем за непрекинато напојување, како и генераторски постројки кои ќе овозможат непрекинато снабдувањето со струја, за да може да се одигра натпреварот до крај, а воедно да нема ни прекин во емитирањето на ТВ-преносите.

presek boriliste

 

За таа цел, стадионот е снабден со 4 генераторски постројки и 5 УПС-системи, кои овозможуваат, во случај на прекин на снабдувањето со струја за време на натпревар да обезбедат покриеност на дел од рефлекторскиот систем кој би имал минимум 1.300 лукса на која било точка од теренот, како и непречено снабдување на виталните делови на стадионот, ходници за публика, видеонадзор на објектот, системите за комуникации, мрежни системи, пристапни бариери и др. Инаку Арената Филип II  се снабдува од две страни со струја, југ и запад од страна на паркот, а север и исток од трафостаница Ленинова.

120

 

Тоа значи дека и доколку има прекин на снабдувањето со струја од една страна продолжува снабдувањето од другата страна, а доколку снема струја во целиот град, стадионот со своите 4 генератори ќе може да продолжи да функционира, да се доигра безбедно натпреварот и за нив најбитно ТВ-преносот, бидејќи таму се парите, кај спонзорите и рекламите. Тоа не смее да застане.

330

За потребите на ТВ-преносите, направен е и т.н. ТВ-компаунд, на кој се сместуваат репортажните возила за ТВ-преносите. За Суперкупот сега имаше повеќе од 30 големи камиони и уште толку помали комбиња кои пренесуваа низ цел свет. Овој простор е со површина од 2.940 м2, снабден со струја, вода, оптика, интернет и сè она што денес го бара современата технологија.

321

Со завршувањето на изградбата на четирите трибини во 2013 година, се пријде на реконструкцијата на теренот. Стариот терен беше со трева посеана на земја, а „дренажниот систем“ всушност беше од неколку цевки со пречник од 50 мм поставени во малце шљунак. Затоа кога ќе заврнеше посилен дожд стадионот се претвораше во каллива нива на која ѝ требаа месеци и месеци да се поправи. Денес тоа е најсовремен терен кој е реализиран по сите светски стандарди. Имено, направен е ископ во длабочина од 110 см, поставен е слој од глина на дното со дебелина од 30 см за да спречи појава на подземни води, поставен е систем на ПВЦ-дренажни перфорирани цевки со пречник од 120 мм на осовинско растојание од 8 метри. Над дренажните цевки поставен е филтерски слој од камен гранулат со 4 различни фракции. Како последен слој е ситен кварцен песок над кој е поставен и тревнатиот бусен.

300

На длабочина од 25 см под бусенот прво е поставен геотекситл кој треба да спречи мешање на фракциите меѓу себе и поставен е систем за греење на теренот. Ова за првпат е направено во Република Македонија и има тројна улога. Системот треба да се вклучува во зимскиот период штом ноќните температури поминат во минус, прво и основно да ја продолжи вегетацијата на тревата и да одржува температура од 5 до 8 степени на површината. Најважната улога на системот всушност е да има превентивна улога за фудбалерите. Кога е смрзната почвата, настануваат потешки повреди на зглобовите на фудбалерите поради тврдоста на почвата и второ секој смрзнат лист од тревата станува како жилет и прави повреди на површината на нозете. Во Европа не можете да бидете член на прва лига, а да немате греење на теренот. И третата причина за поставувањето на греење на теренот и негово редовно користење е овозможување и непречено топење на снегот ако заврне и на тој начин да нема потреба од чистење и оштетување на тревната површина. Во склоп на теренот е поставен и сопствен автоматски систем за полевање. Кога велам сопствен, мислам на тоа дека имаме сопствени два бунари и резервоар од 40 м3 вода. Системот автоматски се полни со помош на потопни пумпи, а согласно временскиот период во годината и влажноста на почвата, по потреба се вклучуваат и автоматските прскалки-топови кои се поставени околу аут и корнер линиите. Инаку одржувањето на теренот е со наши осум вработени кои се максимално посветени и најпрофесионално си ја обавуваат својата задача.

309

Чинење на објектот

Јасно е дека сите ги интересира колку пари се потрошени за ова што денес го имаме. Имено, за Арената се потпишани три договори за да се доведе во оваа состојба, а тоа се:  два договора со ДГ Бетон АД Скопје и еден договор со Виа Инженеринг – Вевчани за уредување на стадионот согласно потребите на УЕФА за еден ваков настан. До денес се потрошени 2,399 милијарди денари или 38 милиони евра, во кои средства не влегува изградбата на јужна трибина од осумдесеттите години на минатиот век. Ако пак овој износ го поделиме со 31.419 седишта добиваме вредност од 1.210 евра за столче.

Бенефитот од Суперкупот во фудбал е што се завршија повеќе од 6.000 м2 поттрибински простор и заедно со досегашниот простор кој веќе беше во функција имаме повеќе од 7.500 м2 корисна површина, која може да носи приходи и на тој начин стадионот да биде рентабилен, бидејќи досега реално тој генерираше загуби. Суперкупот донесе и едно големо искуство за целиот тим во организациска смисла. Претставниците на УЕФА во неколку наврати истакнаа дека досега ова е најдобро организиран Суперкуп во фудбал.

Пишува: Зоран Мисовски, дипл. инж. арх.

 

Испрати коментар

Scroll To Top