Насловна / Вести / Европа сака енергија од морињата и океаните

Европа сака енергија од морињата и океаните

Европската Унија е предводник во светската технологија на користење на енергијата од морињата и океаните. Денес има редица проекти чија вкупна инсталирана моќност достигнува 1 GW.  Тоа не е направено преку ноќ, ниту пак без трошоци. Според неодамнешната студија на Европската Комисија, континентот потрошил речиси 3 милијарди евра на испитување на технологиите за енергија од морињата и океаните во изминатата деценија. Тоа е вид на вложување потребно за развој на новите технологии, тестирање во лабораторија и на море, па до достигнување на комерцијализацијата.  За очекување е дека во наредната деценија вкупниот инсталиран капацитет може да достигне  4 GW.  Најголем дел од новите проекти би биле во хидроелектрани на плима и осека, што е најзрела технологија денес, и ветува дека ќе ги надомести високите инвестициски вложувања.

ocean energy

ocean energy1

ocean energy2

Испрати коментар

Scroll To Top