Насловна / Вести / Европа повикува на „зелено“ опоравување од пандемијата

Европа повикува на „зелено“ опоравување од пандемијата

Европските министри за заштита на животна средина повикаа на посебно внимание за животната средина и климата, во плановите за опоравување од пандемијата. „Сега е време за борба против пандемијата, но би треало да се подготвиме за реконструкција на нашите економии со воведување на планови за одржлив напредок“ велат министрите во текстот објавен на  climatechangenews.com.

„Мора да одолееме на искушението на краткорочните решенија како одговор на кризата која се заканува на повеќедецениско заробување на Европската унија во економијата на фосилни горива“ предупредуваат министрите. „Пораката која можеме да ја добиеме од актуелнава ситуација е дека мора брзо да се дејствува. Затоа, мора да ги задржиме амбициите и да ги намалиме ризиците и трошоците за неактивноста во областа на климатските промени и загубата на биодиверзитетот“, се вели во текстот.

Тие повикуваат на „заеднички европски договор“ во рамките на „Зелениот договор“, кој веќе е најавен од сстрана на Европската комисија, и бараат „зголемување на инвестициите особено во областите на одржлива мобилност, обновливите извори на енергија, енергетска реконструкција на згради, истражување и иновации, заштита на биодиверзитетот и кружната економија“. „Мораме да покажеме дека ЕУ ќе биде пример и во овие тешки времиња, и ќе го трасира патот кон јаглеродната неутралност и исполнувањето на Парискиот договор за климата“ заклучуваат најодговорните за животната средина во ЕУ.

Текстот го потпишале министрите на Австрија, Данска, Италија, Финска, Луксембург, Холандија, Потругалија, Шпанија, Шведска и Франција.

greenrecovery1

greenrecovery2

greenrecovery3

Испрати коментар

Scroll To Top