Насловна / Вести / Европа ќе плаќа поскапо за американскиот гас отколку за рускиот

Европа ќе плаќа поскапо за американскиот гас отколку за рускиот

Американскиот гас, за кој Европа најави дека ќе се увезува како замена за рускиот, ќе го плаќа поскапо, бидејќи се користи покомплицирана и скапа технологија за испорака на гас од САД, Катар или некој друг продавач, изјавија Јелица Путниковиќ, уредник на порталот „Енергија на Балканот“ и експертот за енергија Милош Здравковиќ.

„Прво, гасот мора да се префрли во течна состојба, потоа да се транспортира, патувањето да трае, а кога ќе стигне до некое пристаниште во Европа, да се врати во гасна состојба“, посочи Путниковиќ.

01

На прашањето дали САД до крајот на оваа година ќе можат да ѝ обезбедат на Европа 15 милијарди кубни метри гас, колкав е договорот, Путниковиќ вели дека сега прашање е колку Џо Бајден има потврда од американските компании, кои веќе имаат договорена продажба на нивната енергија и дали ќе можат толку брзо да го зголемат производството. Наведува дека прашањето е и дали азиските земји ќе понудат подобри цени поради зголемената побарувачка на енергенси во светот, а особено во Азија и без кризата во Украина.

„Ниту една приватна компанија нема да продава поевтино на ниту еден европски купувач ако може да го продаде тој гас поскапо во Азија“, вели Путниковиќ.

На прашањето дали ќе биде проблем затоа што рускиот претседател Владимир Путин сега бара гасот да се плаќа во рубљи, Путниковиќ потсети дека Иран постојано се соочува со одредени санкции поради неговата нуклеарна програма и дека некои земји ја купувале неговата нафта и ја плаќале во злато.

g

„Ако некој сака да купи стока, ќе најде начин да ја заврши таа трансакција и тоа не треба да биде проблем“, смета Путниковиќ.

Додава дека во последните денови слушаме изјави на европски политичари кои, како што вели, мора да ја оправдаат приказната пред своите гласачи дека нема да им плаќаат на Русите во рубљи.

„Макрон рече дека нема да плаќа во рубљи, а тие не зависат од рускиот гас, бидејќи имаат нуклеарни централи и немаат таков проблем како Германија, чии политичари рекоа дека нема да им наредуваат на компаниите како и што да прават“, наведува Путнковиќ.

03

„Кој ја има стоката може да избере начин на плаќање“

Енергетскиот експерт Милош Здравковиќ потсети дека САД ветија дека до крајот на оваа година во Европа ќе испорачаат 15 милијарди кубни метри гас, а до 2030 година 50 милијарди. Тој посочува дека Америка во овој момент нема можност физички да произведува толкава количина гас за да може да извезе на европскиот пазар количества што ги надминуваат тие 15 милијарди кубни метри.

„Од друга страна, американскиот течен нафтен гас мора да биде 2,7 пати поскап бидејќи се базира на технологијата на фракинг, која е многу поскапа и која влијае на цената“, посочи Здравковиќ.

0

Тој се согласува дека плаќањето во рубљи не е проблем и не треба да биде проблем, додавајќи дека оној кој има стока може да побараат да му се плати на начин што му одговара.

Тој објаснува дека тоа повеќе има влијание врз геополитиката, бидејќи во тој случај американската валута ја губи улогата на светска резервна валута во плаќањата.

„Што се однесува до цената, плаќањето во рубљи нема да влијае на цената на нафтата и гасот, тоа влијае само на стабилноста на руската валута“, заклучува Здравковиќ.

Извор: Euronews

Испрати коментар

Scroll To Top