Насловна / Порта3 / Европа ќе мора да ја менува стратегијата за развој на енергетиката

Европа ќе мора да ја менува стратегијата за развој на енергетиката

POWER-GEN Europe
Енергетскиот сектор во Европа мора да се трансформира и да излезе во пресрет на новите барања. Свртувањето кон обновливите извори на енергија не ги даде очекуваните резултати и затоа е неопходно основата повторно да биде базната енергија, односно термоелектраните.

„Насоката за поголем развој на обновливите извори на енергија зацртана од Европската комисија, која земјите членки ревносно ја исполнуваа, доведе до големи проблеми кај големите енергетски компании кои за првпат во својата историја работат со огромни загуби. Затоа треба да се преиспита енергетската политика и повторно базната енергија да биде основата од која се поаѓа“, посочија експертите на панел дискусиите на Саемот за енергетика Power Gen Europe во Келн.

Германија, како што беше истакнато на панел дискусиите, веќе почна своето производство повторно да го базира на јагленот и на термоелектраните, но со подобрени еколошки параметри. Остануваат на одлуката до 2020 година да ги исклучат нуклеарните електрани од системот, но сега предвидуваат наместо нив да изградат термоелектрани на јаглен.

Испрати коментар

Scroll To Top