Кога станува збор за обновлива енергија, Европската Унија си постави за цел најмалку 27 проценти од потрошената електрична енергија да се добива преку обновливи извори до крајот на 2030 година. Меѓутоа, најновиот извештај на Европската комисија покажува дека најверојатно оваа цел ќе се надмине и дека Европа ќе добива дури 50 проценти електирчна енергија од обновливи извори до крајот на следната деценија. Истовремено, се работи на намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид за 40 проценти.