Шпанската енергетска компанија Iberdrola планира изградба на најголемата соларна електрана во Европа, за што веќе има побарано согласност од шпанската влада. Се работи за проектот Francisco Pizarro, со вкупна инсталирана моќност од 590 MW. Вредноста на проектот надминува 300 милиони евра. Соларната електрана ќе се простира на површина од 13 хектари на подрачјето на шпанската општина Torrecillas de la Tiesa и селото Aldeacentenera, а завршувањето на изведбата се очекува во 2022 година. Благодарение на тој проект, со чиста енергија ќе се снабдуват 375.000 луѓе, што е повеќе од вкупната популација на градовите Cáceres и Badajoz. Исто така, Francisco Pizarro ќе ја намали емисијата на CO2 за 245.000 тони годишно.