Насловна / Вести / Европа ги одложува новите правила за емисии во автомобилската индустрија?

Европа ги одложува новите правила за емисии во автомобилската индустрија?

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, најави дека во текот на овој месец ќе предложи измена на уредбата за стандардите за емисии на јаглерод диоксид, со цел европските производители на автомобили да имаат доволно време за постигнување на целите за намалување на емисиите на штетни гасови, без непосредно соочување со парични казни. На состанокот со претставниците на автомобилската индустрија, станало збор за формирање на индустриски сојуз, со цел борба со глобалната конкуренција.

„Компаниите ќе можат да ги здружат ресурсите и заеднички да развиваат софтвер, чипови и технологии за автономно возење. Од наша страна, ги подобруваме прописите за тестирање и имплементација, и овозможуваме помош во стартувањето на големи пилот проекти за автономно возење. Нашата цел е едноставна: мораме што поскоро да ги доведеме автономните возила на европските патишта“, порачала фон дер Лајен. Втората тема за која станало збор е преминувањето нa чиста мобилност, па истакнато е дека е потребна поголема флексибилност во однос на целите за намалување на CO2. Од Европската комисија најавиле дека наместо годишните обврски за усогласеност на емисиите, ќе се бара компаниите да имаат три години, додека целите остануваат исти. Претходно, Европската комисија даде приоритет на борбата против климатските промени и се согласи на постепено укинување на продажбата на нови возила со мотори со внатрешно согорување до 2035 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top