Дванаесет исклучителни личности и проекти, се во потесниот избор за Награда за одржлива енергетика во рамките на Неделата на одржлива енергетика во ЕУ (EUSEW). Секој може да гласа на следниот ЛИНК, до 22.10.2021 година, за својот фаворит во три категории: Награда на граѓаните, Награда за жена во енергетиката и Награда за пионерски достигнувања на младите.
Листата на лидерите на европската чиста енергија и најдобрите проекти, дава увид во оригиналните решенија за унапредување на квалитетот на живот, кои во исто време помагаат во напорите за сузбивање на климатските промени. Номинираните личности и потфати, главно работат на подигање на свеста за користа од обновливите извори на енергија. Свеченоста за доделување на наградите во секоја категорија е закажана за 25-ти октомври. Неделата на одржлива енергетика оваа година ќе се одржи од 25-ти до 29-ти октомври. Настанот се промовира на социјалните мрежи со #EUSEW2021, а темата е „Пат кон 2030 година: преуредување на европскиот енергетски систем“ (Towards 2030: Reshaping the European Energy System).
Во потесниот избор се најде проектот TripleA-reno од Словенија, кој ја популаризира енергетската реконструкција кај станбениот сектор и заштедите на енергија, преку претставување на фактите и придобивките на граќаните.