Насловна / Вести / Еуро 7 ќе ги опфаќа и честичките кои настануваат при кочењето

Еуро 7 ќе ги опфаќа и честичките кои настануваат при кочењето

Ултра фините честички кои настануваат со трошење на плочките кај кочниците, за прв пат ќе бидат опфатени со уредбата на Европската унија за ограничување на штетните емисии од возилата, со цел намалување на нивоата на штетни честички во урбаните средини. Новиот, построг европски стандард Еуро 7, кој треба да биде претставен во јули, предвидува производителите да ја намалат количината на загадувачки супстанции, како што се азотните оксиди и сулфурните оксиди кои ги емитуваат автомобилите.

Disk,Brake,And,Car,Disk,Brake,System,Service,Concept,-

Но, додека претходните норми се однесуваа на загадувачките супстанции од издувните гасови, оваа уредба ќе ги опфаќа и честичките кои настануваат со трошењето на плочките на кочниците. „Врз основа на најновите докази, наредната уредба ќе ја разгледа потребата да се ограничат емисиите на PM2,5 и наночестичките кај сите типови на мотори со внатрешно согорување и кочниците во конвенционалните и електричните возила“, се вели во акцискиот план на Европската комисија за нулто загадување.

brakes2

brakes3

Според анализата на Европската Комисија, се очекува Еуро 7 значително да придонесе за подобрување на јавното здравје, преку намалување на смртноста и заболувањата чиј причинител е загадувањето на воздухот, посебно кај жителите на градовите. Триењето кое настанува при кочењето може да доведе до исфрлање на многу мали честички. Тие честички со големина помеѓу PM10 и PM2,5 можат да навлезат длабоко во белите дробови. Преминот на електрични возила нема да му стави крај на овој проблем. Напротив, електричните возила дури би можеле да емитуваат поголема количина од овие честички, поради потешкиот погонски склоп во споредба со конвенционалните возила. Низ програмата за истражување и развој Horizon, ЕУ има вложено милиони евра во развој на технологии за намалување на честичките кои се генерираат при кочењето. Моментално достапните решенија можат да ги намалат овие честички до 90%. Едно такво решение, кое е развиено од страна на француската компанија Talano, се состои од вшумукување на честичките и нивно филтрирање.

 

Испрати коментар

Scroll To Top