„Лошо осмислените државни мерки за ублажување на влијанието на високите цени на електричната енергија создаваат нови пореметувања на пазарот и ги успоруваат инвестициите во обновливи извори на енергија“, предупредува Eurelectric, европското здружение на компании од секторот електрична енергија, во својата нализа на итните мерки за ублажување на влијанието на високите цени на енергијата претставени од Европската Комисија.
Eurelectric е уверен дека имплементацијата на „Европскиот зелен договор“ и целите за декарбонизација се единствен начин да се комбинираат достапноста, енергетската стабилност и сигурноста во снабдувањето. Ова здрушение смета дека е неопходно што поскоро да се заголемат енергетските зашреди и да се подготват планови за вонредни ситуации во случај на прекин на испораката на руски гас. На крајот на март, Европската Комисија ги претстави опциите за решавање на основните причини за проблемите на пазарот на гас и обезбедување на сигурност во снабдувањето по разумни цени за следната зима и во наредните години. Краткорочните опции за ублажување на високите цени на електричната енергија може грубо да се групираат во две категории: интервенциони мерки кои вклучуваат финансиски надомест и регулаторни мерки без таква компензација. Eurelectric ги проценил предностите и недостатоците на сите овие опции, и ја изнел својата оценка.
Eurelectric им советува на државите членки на ЕУ да превземат краткорочни итни чекори за намалување на побарувачката од природен гас со спроведување на цврсти мерки за енерегтска ефикасност и заштеди, како и да подготват планови за вонредни ситуации за обезбедување на сигурност во снабдувањето на пазарите на гас и електрична енергија. „Секоја интервенција на државите која го нарушува пазарот, ризикува да ја загрози довербата во интегрираниот енерегтски апзар ан ЕУ, сериозно и штети на инвестициската клима и отвора низа правни прашања, како и политички одлуки“, велат од Eurelectric.