Насловна / Вести / EurActiv: За неколку месеци Јункер дава зелено светло за „Северен поток 2“

EurActiv: За неколку месеци Јункер дава зелено светло за „Северен поток 2“

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, планира да го поддржи проектот за изградба на гасоводот „Северен поток 2“, пишува порталот EurActiv.

„Во ЕУ коментираат дека претседателот на ЕК Јункер констатирал дека има напредок и дека проектот Северен поток 2 треба да постои“, додава порталот.severen-potok-2

Најверојатно, во наредните месеци, тој ќе даде зелено светло за проектот, прецизира медиумот. Соодветното решение може да биде објавено по изборите во Германија, која цврсто го поддржува проектот.

На крајот на февруари, шефот на австрискиот концерн OMV Рајнер Зееле изјави дека учесниците во изградбата на гасоводот до крајот на 2017 година ќе донесат одлука за финансискиот модел на проектот.

Проектот предвидува изградба на две гасоводни линии со вкупна моќност од 55 милијарди кубни метри гас годишно, кој ќе се пренесува од бреговите на Русија на Балтикот се до Германија. За планирањето, изградбата и понатамошна експлоатација на гасоводот, беше формирана компанијата Nord Stream 2 AG.

Испрати коментар

Scroll To Top