Насловна / Вести / ЕУ воведува построга регулатива и го забранува извозот на отпад

ЕУ воведува построга регулатива и го забранува извозот на отпад

Пратениците на Европскиот парламент со значително мнозинство се изјаснија за предлогот за забрана на сите видови отпад наменет за одлагање надвор од границите на земјите од ЕУ, освен во исклучителни и оправдани случаи. Во усвоениот текст, предложена е и забрана на пластичниот и опасен отпад од ЕУ, во земји кои не се членки на OECD.

wasteexport1

Предлогот за измени на оваа регулатива подразбира утврдување на нови процедури и контролни мерки за управување со отпадот. Отпадот ќе биде регулиран во зависност од неговото потекло, дестинацијата и транспортниот пат, како и видот на отпадот и начинот на неговото третирање кога ќе пристигне на дадената дестинација.Според податоците од Eurostat, најголем дел од отпадот кој се извезува од ЕУ се состои од отпад од црни и обоени метали, хартија, текстил, стакло и пластика. Извозот на пластичниот отпад од земјите на ЕУ, влијае врз ограничените капацитети за рециклирање во земјите каде тој отпад е испорачан, се истакнува во извештајот на Агенцијата за истражување на животната средина (EIA) и Rethink Plastic Alliance (RPA). Главните извозници на пластичен отпад од ЕУ, како што се Германија, Холандија, Франција и Белгија, ја користат можноста да извезуваат пластичен отпад со цел да ги постигнат своите рециклажни цели. Голем дел од пластиката не завршува на рециклажа, а извозот на пластичен отпад од земјите со високи приходи кои се и големи потрошувачи на пластика, само го одразува линеарниот status quo, наместо фокусот да се стави на намалување на потрошувачката на пластика, стои во извештајот. Земјите во кои завршува отпадот се пренатрупани со увезен отпад и можноста за рециклирање ан сопствениот пластичен отпад е значително намалена. Овие земји трпат и еколошки товар и штета по здравјето на населението. Во извештајот се наведува примерот на Турција, во која во текот на2021 година завршила повеќе од една третина од пластичниот отпад извезен од ЕУ.

wasteexport2

Со овој предлог, парламентот ја усвоил својата преговарачка позиција за разговори со државите членки за конечниот текст на новиот закон. „Отпадот мора да го претвориме во ресусрс на заедничкиот пазар, а со самото тоа и подобро да се води сметка за животната средина и конкурентноста“, вели Пернил Вајс, известувач на Европскиот парламент за овој предлог. Ревидираната законска рамка би требало во целост да ја искористи можноста која ја пружа отпадот за постигнување на целите на ЕУ за циркуларната економија без загадување, се исталкнува во соопштението на Европскиот парламент.

wasteexport3

 

Испрати коментар

Scroll To Top