Насловна / Вести / ЕУ воведува поголема заштита на потрошувачите при поправка на домашните апарати

ЕУ воведува поголема заштита на потрошувачите при поправка на домашните апарати

Поправката на фрижидери, машини за перење на алишта и садови, телевизори и осветлување, би можела полесно да се врши по април 2021 година, кога стапуваат на сила нови прописи во врска со еко дизајнот на производите, со кои с евоведува поголема заштита на правата на потрошувачите. Предложените правила за правото на поправка предвидуваат достапност на резервни делови најмалку 7 до 10 години, како и пружање на информации за потрошувачите за тоа како да ги одржуваат и поправаат своите уреди.

Организациите кои се занимаваат со заштита на животната средина, ги поздравија овие новини, но предупредуваат дека лоби групите извршиле притисок врз Европската комисија да ги ублажи предлозите во врска со поправките, во корист на правилата за рециклирање. „Договорот кој е постигнат претставува чекор напред. Од САД и Европа, граѓаните бараат почитување на правата на потрошувачите, бидејќи доста им е од производи кои се дизајнирани да се расипуваат прерано“, изјавила Chloe Fayole од Европската еколошка граѓанска организација за стандардизација (ECOS). Во медиумите се наведува дека слични правила се разгледуваат и во 18 сојузни држави во САД.

repair1

Инаку, откако призна дека намерно ја успорува работата на постарите  iPhone  телефони, компанијата Apple под притисок на јавноста беше приморана да го намали трошокот за замена на батерија, што директно влијаеше на пад на продажбата на новите модели на iPhone.

Проблеми поради кои е потребна поголема заштита на потрошувачите, односно правото на поправка:

Европското биро за животна средина (EEB) во своето соопштение изнесува одредени податоци во врска со овој проблем, меѓу кои:

  • Процентот на расипени уреди кои се менуваат со нови пораснал од 3,5% во 2012 на 8,3% во 2014 година.
  • Потрошувачите во Германија ова ги чини 110 евра месечно
  • Машина за алишта со долг век на траење, во текот на 20 години ќе биде одговорна за 1,1 тони помалку емисии на  CO2  отколку моделот кој пократко трае односно треба порано да се замени со нов. Овој податок ги зема во предвид производството, дистрибуцијата, употребата и третманот на отпадните уреди.
  • Електронскиот отпад е најбрзорастечка категорија на отпад во светот
  • Само 35% од електронскиот отпад во ЕУ се собира и третира на правилен начин.

Во ЕУ и потрошувачите имаат право на глас, па во анкетата која е спроведена за потребите на  Европскиот Парламент,  77% од потрошувачите се изјасниле дека преферираат поправка на своите апарати отколку купување на нови, но принудени се на таков чекор поради високите трошоци за поправка, лошата услуга и недотапноста на резервните делови.

Handyman Checking Washing Machine At Home

repair3

Испрати коментар

Scroll To Top