Во Европската Унија ќе бидат воведени нови прописи за реализација на проектите од областа на обновливите извори на енергија, односно од 2017 година ќе бидат субвенционирани само оние проекти кои ќе ги поминат строгите конкурсни критериуми. Субвенциите ќе се доделуваат само кога ќе биде неопходно, со исклучок за малите проекти.
Причината за овој потег се лоцира во рапидниот пораст на бројот на субвенционирани проекти, што пак од друга страна доведе до покачување на цената на електричната енергија.