Германската министерка за надворешни работи Annalena Baerbock во текот на посетата на Казахстан изјавила дека најголемата европска економија планира да ја зајакне соработката на полето на зелениот водород. Имено, Германија со Европската унија ќе покрене инфраструктурни развојни проекти на подрачјата на дигиталната трансформација, енергетика и сообраќај, рекла Baerbock во Астана. Притоа, иницијативата на ЕУ, Global Gateway игра централна улога: шемата вредна 300 милијарди евра за вложување во инфраструктурата на земјите во развој.
Треба да се нагласи дека тој проект се натпреварува со кинескиот план за вложување познат под името „Нов пат на свилата“. Казахстан, но и Узбекистан традиционално имаат блиски односи со своите големи соседи – Кина и Русија. Проектот за водород во регионот на Каспиското езеро е најдобар пример како да се постигне одржлива иднина, заклучила Baerbock. Во тој регион, од 2030 година би можеле да се произведуваат три милиони тони зелен водород благодарение на електролизата на водата од Касписко езеро.