Насловна / Вести / ЕУ вложува над две милијарди евра во сообраќајот

ЕУ вложува над две милијарди евра во сообраќајот

Европската унија го поддржува економското закрепнување во сите земји членки, со вложувања од речиси 2,2 милијарди евра вo 140 важни проекти од областа на сообраќајот. Со тоа ќе се помогне во изградба на важни сообраќајни врски, ќе се поттикне одржливиот сообраќај и ќе се отворат работни места. Проектите  се финансираат преку Инструментот за поврзување на Европа  (CEF),  штo претставува програма на ЕУ за неповратни средства за поддршка на сообраќајната инфраструктура. На тој начин ЕУ ќе ги оствари своите климатски цели од Европскиот зелен план. Посебен акцент е ставен на проектите за унапредување на железницата, вклучувајќи ги и прекуграничните врски. Исто така, се посветува внимание и на алтернативните горива, како и мултимодалниот сообраќај.

ЕУ ќе додели вкупно 1,6 милијарди евра за 55 проекти во областа на железничката инфраструктура долж основната трансевропска сообраќајна мрежа  (TEN-T). Меѓу нив е и проектот  Rail Baltica  за вклучување на балтичките држави во европската железничка мрежа, како и прекуграничната делница на железничката пруга помеѓу Дрезден и Прага. Речиси 142 милиони евра се резервирани за транзиција кон зелени горива во сообраќајот, преку вкупно 19 проекти.

eutransport1

eutransport2

eutransport3

 

Испрати коментар

Scroll To Top