Насловна / Вести / ЕУ вложува 80 милиони евра во електрични возила

ЕУ вложува 80 милиони евра во електрични возила

На глобален снабдувач во автомобилската индустрија, одобрени му се 80 милиони евра за развој на иновативни технологии кои обезбедуваат поефикасни и помалку загадувачки производни процеси и компоненти за возилата. CIE Automotive, со седиште во Билбао, ќе ја користи инвестицијата на Европската Инвестициска Банка (EIB) за развој на композитни и лесни материјали, какои за проектирање и производство на нови електрични возила и компоненти. Целта на оваа инвестиција е осмислување на нови дигитални производни процеси кои ќе ја зголемат енергетската ефикасност преку рециклажа и повторно користење на суровините. Парите ќе ги вложи во своите фабрики во Шпанија, Франција, Потругалија, Чешка, Словачка, Романија и Литванија. Се очекува оваа програма да помогне во отворање на нови работни места, и дека ќе биде реализиран во период од 5 години, со рок до 2022 година. Потпретседателот на EIB, Ема Наваро рекла дека „поддршката на иновациите кај големите корпорации е од суштинско значење за гарантирање на нивната иднина и нивната способност за глобален натпревар. како банка на ЕУ, нам ни е задоволство што изградивме програма која со обезбедување на средства за оваа шпанска мултинационална компанија, помага во обезбедување на европско лидерство во автомобилската индустрија.  Тоа ќе им овозможи на седум европски земји каде компанијата има свои фабрики,  да развијат и свои истражувачки центри во соработка со Универзитетите“.

EIB

EIB1

EIB2

 

Испрати коментар

Scroll To Top