Според најавата на премиерката на Словенија, Аленка Братушек во интервју за московскиот весник Комерсaнт, денес ќе биде одржан состанок на европскиот комесар за енергетика, Гинтер Етингер, со претставниците на земјите – учеснички во проектот „Јужен поток“. На состанокот ќе се разговара за сите проблеми кои се појавиле и ја спречуваат реализацијата на проектот. Вчера словенечката премиерка разговараше и со рускиот премиер Владимир Путин за Третиот енергетски договор на ЕУ, кој може да ја блокира работата на гасоводот.