Насловна / Вести / ЕУ упати предупредување до Хрватска: Ви се заканува колапс на пазарот на недвижности

ЕУ упати предупредување до Хрватска: Ви се заканува колапс на пазарот на недвижности

Европскиот одбор за системски ризик (ESRB) издаде предупредувања и препораки до пет земји-членки. Предупредуваат дека зголемувањето на цените на недвижностите може да ја загрози економијата и да доведе до колапс на пазарот на недвижности и бараат итни мерки. Бараат од државите да не ги поттикнува граѓаните да се задолжуваат преку субвенционирани кредити, пишува хрватскиот Index.hr.

Предупредувања се испратени до Хрватска, Унгарија, Лихтенштајн и Словачка. Дополнително, беа испратени препораки и до Германија и до Австрија откако не ги исполнија барањата на ESRB за 2016 и 2019 година.

1_resize

„Ризиците за финансиската стабилност поврзани со станбените недвижности продолжија да растат во контекст на макроекономските ризици поврзани со пандемијата на коронавирус и континуираната силна динамика на пазарот на недвижности, станбените кредити и задолженоста на домаќинствата.

Клучните ранливости истакнати во проценката на ESRB се среднорочни по природа и се однесуваат на брзиот пораст на цените на недвижностите и можната преценета вредност на станбените недвижности, нивото и динамиката на задолженоста на домаќинствата, растот на станбениот кредит и знаците за олеснување на стандардите за кредитирање“, наведува во предупредувањето за петте земји ESRB.

4_resize

Недвижнини купуваат странци

Во посебното предупредување за Хрватска се забележува дека „по долг период на корекција и пригушен раст, растот на цените на недвижностите забрза на 8% на годишно ниво на почетокот на 2019 година“.

„Според Хрватската народна банка, цените на недвижностите се повеќе отстапуваат од нивните долгорочни основи. На тоа влијаат многу фактори на понудата и побарувачката. Прво, во некои региони значителен дел од побарувачката за станови доаѓа од странци (околу 10% вкупно). Додека вкупната трансакциска активност била пониска по избивање на пандемијата, уделот на странските купувачи останал на ниво пред кризата.

Второ, Хрватска претрпе два земјотреси во 2020 година, и двата го погодија регионот на Загреб и предизвикаа материјална штета. Овие настани открија некои недостатоци во квалитетот на стандардите за станови изградени пред 1960-тите. Како резултат на тоа, помалку станови беа огласени за продажба, што потенцијално доведува до повисоки севкупни цени. Во исто време, постепената санација на оштетените станбени објекти, кој трошок се проценува на 23% од бруто домашниот производ (БДП) во 2020 година, може да ги зголеми цените на куќите преку поголема градежна активност.

Конечно, во 2020 година, хрватската влада ја продолжи шемата за субвенционирање на станови, која е на сила од крајот на 2017 година, и обезбедува повисоки стапки на субвенционирање во помалку развиените региони за купување на првиот недвижен имот“, се вели во предупредувањето.

2_resize

Проблемот со државните субвенционирани станбени кредити

Иако само околу половина од станбените трансакции се финансираат по пат на кредити, наведува ESRB, реалниот раст на хипотекарното кредитирање е забрзан во втората половина на 2019 година, а особено во текот на 2020 година. Тој во просек изнесуваше приближно 7,5% помеѓу јануари и август 2021 година.

„До одреден степен, оваа динамика беше поттикната од државниот систем за субвенционирање станови, со зголемување на учеството на субвенционираните кредити од 18% во 2019 година на 35% во 2020 година. Многу нови заеми беа кредити субвенционирани од државата. Покрај тоа, во првата половина на 2021 година, во случај на некои нови кредити доспевањата надмина 30 години. Во јуни 2021 година, уделот на хипотекарните кредити  изнесуваше околу 12% од пазарот на недвижности во Хрватска“, наведува ESRB .

3_resize

„Истовремено, задолженоста на домаќинствата во Хрватска е релативно ниска во споредба со другите земји на ЕУ. Во текот на 2020 година, кредитите на населението реално пораснаа, но со пониски стапки од станбените кредити. Ова беше резултат на падот на општата доверба на потрошувачите, додека владините шеми на субвенции за станови задржаа високо ниво на побарувачка за недвижности“, се додава.

Од ЕУ повикуваат на донесување мерки што би спречиле „зголемување на задолженоста на домаќинствата, односно државни субвенции за станбени кредити“.

ESRB на крајот наведува дека во Хрватска постои „потенцијал за сериозни негативни последици за економијата“. „ ESRB смета дека клучните проблеми се брзиот раст на кредитите на населението и преценувањето на цените на недвижностите, со оглед на непостоење на експлицитни мерки кои би можеле да ги ублажат ризиците поврзани со станбените недвижности и секторот на недвижности“.

Испрати коментар

Scroll To Top