Насловна / Вести / ЕУ треба да го оптимира вложувањето во обновливи извори

ЕУ треба да го оптимира вложувањето во обновливи извори

Switzerland Davos Forum
Европа може да заштеди 86 милијарди евра доколку оптимално ги развива капацитетите за производство на електрична енергија од обновливи извори, односно кога фотоволтаиците би се поставувале во подрачја со најголем број сончеви денови, а ветерните турбини во најветровитите подрачја. Ова е еден од заклучоците од последниот Eкономски форум во Давос одржан во периодот 21-24 јануари.

SAMSUNG
Истовремено се предупредува на преголемите пазарни капацитети за производство нa електрична енергија од обновливи извори. Исто така се поттикнува создавање на механизам со помош на кој би се помогнало на компаниите да ги покријат трошоците во централите на гас и јаглен во деновите кога понудата од обновливите извори не може да ја покрие побарувачката.

Obnovlivi izvori
Дополнителни 34,5 милијарди евра ЕУ може да заштеди со подобра прекугранична координација и поврзување, се наведува во извештајот подготвен од американската консултантска куќа Бејн (Bain) за потребите на Светскиот економски форум, поточно за платформата „Иднината на електричната енергија“.

wind_power_storage_as_hydrogen_may_help_renewable_energy_xxb4s

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top