Насловна / Вести / ЕУ трајно затвори рекорден број централи на фосилни горива

ЕУ трајно затвори рекорден број централи на фосилни горива

Termocentrala vo GB

Европските енергетски компании затвориле поголем број централи на јаглен и гас во 2014 година, отколку во која било друга година по 2009-та, во прв ред поради намалувањето на конзумот и строгите стандарди во врска со емисиите. Во минатите пет години, затворен е вкупен капацитет од 5 GW, а само минатата година таа бројка е 13 GW од фосилни извори, со тоа што овие податоци воопшто не се однесуваат на краткорочно конзервирање на капацитетите.

stop jaglen
Електричните централи на фосилни горива ја губат битката со строгите правила за емисијата, додека во Велика Британија поставен е „carbon price floor“ кој ја одредува минималната цена на емисиите во електричните централи. Минататa година беше најтопла во изминатите децении, што ја намaли потребата за греење. Цената на дозволите за емисија на берзата ICE Futures Europe забележа пораст на 7,31 евра по тон. Таа цена лани се зголемила за 48%, но сепак се наоѓа под десетгодишниот просек од 11,75 евра, пренесува Bloomberg.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top