Од први септември, во земјите од ЕУ, сите нови модели на автомобили ќе мораат да поминат ново и посигурно тестирање на емисиите во реални услови на возење (вистински емисии во текот на возењето – RDE) и подобрено лабораториско тестирање (глобално ускладена постапка за испитување на лесни возила – WLTP) пред да добијат дозвола да се најдат во сообраќај низ европските улици.
„Воведувањето на новиот начин на испитување на емисиите е клучен чекор во нашите континуирани настојувања да во наредните години возиме почисти и поодржливи автомобили. Меѓутоа, пред нас е уште работа. Скандалот со емисиите покажа дека ни се неопходни испитувања на автомобилите и подобар надзор на пазарот, како и можност за интервенција од страна на Комисијата во случај на кршење на прописите. Комисијата во јануари 2016 година го претстави предлогот за постигнување на тие цели. За предлогот сеуште се расправа и крајно време е Европскиот Парламент и Европскиот Совет да донесат одлука. Мораме одлучно на ниво на ЕУ да продолжиме со работа, со цел да ја поттикнеме мобилноста со ниско ниво на загадување“ вели во својата изјава за медиумите потпретседателот на Комисијата за работни места, раст, вложувања и конкурентност Јирки Катајнен.