Насловна / Вести / ЕУ собира докази против „Газпром“

ЕУ собира докази против „Газпром“

Антимонополскиот регулатор на ЕУ, веројатно ќе го интензивира собирањето на информации за европските претпријатија на „Газпром“ поради кризата во снабдувањето со гас. Тоа за Reuters го изјавила личност која е добро запознаена со плановите на европската Комисија за заштита на пазарната конкуренција. „Агенцијата на ЕУ за пазарна конкуренција, допрва треба да донесе конечна одлука за следната фаза на истрагата“, појаснил изворот на Reuters, а доказите до кои ќе се дојде во текот на истрагата би можеле да помогнат да се изгради случај против „Газпром“.

gazprom1

gazprom2

Шефицата на ЕУ за антимонополски прашања, Маргарет Вестагер, минатиот месец испратила прашање до гасните компании, вклучувајќи го и „Газпром“, по повод ограничените испораки, а по обвинувањата дека рускиот гигант одбива да го зголеми производството, со што би се ублажил драматичниот раст на цените на овој енергент. „Газпром“ и официјална Москва во повеќе наврати негираа дека ги загрозуваат испораките на гас, истакнувајќи дека ги исполнуваат сите договорени обврски. Руската компанија и претходно имаше спорови со Комисијата, во врска со својата структура на цената, и успеа да спречи казна во износ од дури 10% од својот глобален промет, така што во 2018 година се согласила да ги реформира свооите договори за цените, со што го отвори патот за конкурентите на источноевропскиот пазар.

gazprom3

 

Испрати коментар

Scroll To Top