Насловна / Вести / ЕУ со закон забранува недокажано означување на производите за одржливи

ЕУ со закон забранува недокажано означување на производите за одржливи

Имајќи предвид дека потрошувачите се повеќе се грижат за влијанието врз животната средина што го имаат нивните навики за купување, 75% од производите на пазарите на ЕУ носат експлицитна или имплицитна зелена ознака. Директивата која ја усвои Европскиот парламент со 593 гласа „за“, 21 „против“ и 14 „воздржани“, првенствено има за цел заштита на потрошувачите од лажниот маркетинг. На листата на забранети комерцијални пракси ќе бидат доддадени бројни маркетиншки трикови, лажен зелен ПР, како и програмирано расипување на производите. Еколошки прифатливо, природно, еко, биораградливо и сл., се некои од тврдењата кои стојат на производите, но без докази дека тоа е вистина. ЕУ ќе ги дозволи само оние ознаки за одржливоста кои се сертифицирани.

green1

Тврдењата за еколошка подобност на производите кои за базираат исклучуиво на офсетирање – компензација на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, исто така се забрануваат со новата директива. Тоа значи дека производителите не ќе можат да напишат дека со учество во програмите за пошумување и обнова на девастираното земјипте, го намалуваат негативното влијание врз климата. Друга важна цел на новиот закон е производителите и потрошувачите да посветат повеќе внимание на трајноста на стоката. Информациите за гаранцијата мора да бидат повидливи, а предвидено е воведување на заедничка ознака за стоката со подолг гарантен рок.

green2

Овие правила ги забрануваат и неоснованите тврдења за трајноста на производите. Ќе бидат забранети уреди на кои им е поѕребна замена на делови порано отколку што е неопходно, како и оние кои не можат добро да функционираат без заменски делови од оригиналниот производител. За да стапи на сила новата Директива, потребно е уште формално одобрување од Советот на ЕУ. Државите членки ќе имаат рок од две години да ја транспонираат во националното законодавство.

green3

 

Испрати коментар

Scroll To Top