„Пакувањата за повеќекратна употреба би можеле да произведат помалку емисии на штетни гасови од оние за еднократна употреба, се додека системите за собирање, враќање и миење ефикасни“, покажало неодамнешното истражување кое доаѓа во екот на борбата околу пакувањата за повеќекратна употреба во нацртот на Уредбата на ЕУ за амбалажа и амбалажен отпад (PPVR), чија цел е до 2030 година, целокупната амбалажа да се рециклира и повторно да се употребува.
Законот кој Европската комисија го претстави во ноември минатата година, исто така воведува цели од 20% и 10% од амбалажата за храна и пијалоци за носење, да бидат соодветни за повеќекратна употреба. Но, додека ова наидува на поддршка од страна ан еколошките организации и левите групи во ЕУ парламентот, има и доста скептици кои првенствено доаѓаат од индустријата за храна. „Отклучувањето на потенцијалот за пакувања за повеќекратна употреба лежи во изработка на систем кој ќе ги оптимира сите процеси – од дизајн до крајот на животниот век“, велат од Relup, непрофитна организација која работи на трансформација во циркуларна економија.