Насловна / Вести / ЕУ: Сите нови градски автобуси од 2035 мора да бидат без емисии

ЕУ: Сите нови градски автобуси од 2035 мора да бидат без емисии

Европскиот парламент и Совет, постигнале политички договор за заострување на европските норми за CO2 за различни категории возила. Новит е правила, меѓу останатите ќе важат за новите тешки возила кои на пазарот на ЕУ стигнуваат во 2030 година. Со цел да се забрза преминот на јавен превоз со нулта емисии низ цела Европа, новите градски автобуси ќе мора да ги намалат емисиите за 90% до 2030 година, додека до 2035 година сите нови автобуси ќе мора да имаат нулта емисија.

buses1

Во склоп на привремениот договор, Комисијата до 2027 година ќе ја преиспита ефективноста и учинокот од оваа Уредба. Тоа преиспитување ќе опфати и проширување на подрачјето на примена и на малите камиони, методологијата з арегистрација на тешки возила кои работат исклучиво на јаглеродно неутрални горива, методологијата за утврдување на емисиите на CO2 во текот на целиот животен циклус на новите тешки возила и сл. Европскиот парламент и Совет треба сега и официјално да го одобрат овој договор, з аистиот да стапи на сила.

 

Испрати коментар

Scroll To Top