Земјите од ЕУ заеднички повикаа на постепено напуштање од фосилните горива во светот. Нацрт документот на ЕУ, сугерира речиси 200 земји кои учествувале на претходниот климатски самит на Обединетите Нации да се обврзат постепено да се откажат од производството на енергија од јаглен и дека треба да одат чекор понатаму. Според овој документ, треба постепено откажување од сите фосилни горива, односно горива кои емитуваат јаглерод диоксид, вклучувајќи ги и нафтата и гасот.
Овој нацрт користи „потешки“ зборови во однос на претходниот нацрт во кој експлицитно не се споменува „постепено откажување“. Според дипломатите на ЕУ, зад ови промени стојат Германија и Данска. Од друга страна, некои членки на ЕУ се незадоволни од деловите на текстот кои се однесуваат на промовирањето на енергија од обновливи извори и обидите на ЕУ да престане со користењето на рускиот гас.