Насловна / Вести / ЕУ сака што побрзо да го искористи геотермалниот потенцијал, но и литиумот

ЕУ сака што побрзо да го искористи геотермалниот потенцијал, но и литиумот

Геотермалната енергија е една од областите за кои во рамките на ЕУ постои сеопфатна поддршка. Во таа насока, неодамна Министрите за  енергетика објавија список со препораки, откако од страна на Меѓународната агенција за енергетика беше објавен новиот глобален извештај „Иднината на геотермалната енергија“ (The Future of Geothermal Energy). Геотермалната енергија има широк опсег на примена – за  греење и ладење, како и за производство на електрична енергија. Бидејќи технологијата постојано напредува, а трошоците за инвестирање се намалуваат, геотермалните извори до 2050 година би можеле да покријат и до 15% од растот на глобалната потрошувачка на електрична енергија. Во превод, тоа се уште 800GW инсталиран капацитет за производство на електрична енергија.

Зајакнувањето на развојот на постројките за геотермална енергија може да овозможи значителни заштеди во поглед на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Од друга страна, онаму каде хемискиот состав на геотермалните води тоа го дозволува, експлоатацијата на геотермалната енергија може да придонесе и во напорите на ЕУ за задоволување на потребите од литиум и други материјали.

Советот ја повикал Европската Комисија и државите членки да создадат еден форум, европски геотермален сојуз, во кој би се нашле креаторите на политики, претставници од стопанството, инвеститори и други релевантни актери од целокупниот ланец на вредности. Државите членки би требало да ги поедностават своите прописи и побрзо да издаваат дозволи, но и да се имплементираат и други мерки потребни за зголемување на европскиот капацитет во оваа индустрија, стои во заклучоците од состанокот на Министрите. Законот за целосна декарбонизација на индустријата (NZIA) во ЕУ, стапи на сила во јуни. Наменет е за остварување на пристап до сигирни и одржливи технологии кои не емитуваат стакленички гасови. Геотермалната енергија е секако меѓу технологиите од тој тип, но нејзиниот потенцијал и натаму е слабо искористен. Во 2021 година имала удел од 2,8% во обновливите извори во примарното производство на енергија. Десетте земји кои највеќе ја користат геотермалната енергија, според редоследот како што се наведени се: Кина, САД, Турција, Шведска, Индонезија, Исланд, Јапонија, Нов Зеланд, Германија и Филипини. Притоа, Турција, Индонезија и Кенија се земји кои забележале највисок раст во периодот од 2013 до 2023 година.

 

Испрати коментар

Scroll To Top