Насловна / Вести / ЕУ размислува за воведување на еколошки такси за авио сообраќајот

ЕУ размислува за воведување на еколошки такси за авио сообраќајот

Европските земји размислуваат за воведување на нови такси во авио сообраќајот поради загадувањето што го генерира, што би довело до поскапување на цените на авио картите. Веќе со месеци во авио индустријата се расправа за воведување на еколошка такса, поради критиките дека комерцијалната авијација е одговорн за сериозен удел во вкупните емисии на јаглерод диоксид.

airtickets1

Белгија и Холандија на почетокотна годината го покренале ова прашање и се очекува темата да се најде на состанокот на Советот на министри за сообраќај на Европската Унија во Луксембург.  Останатите земји членки исто така внимателно ја следат ситуацијата. Притоа, политичарите и даваат предност на таксата на керозинот. Ова авионско гориво било ослободено од сите такси уште на Конгресот на меѓународната цивилна авијација во Чикаго во 1944 година. Тогаш најважно било да се олесни развојот на  авио сообраќајот, но денес се чини дека мотивот за непостоење на таксата е депласиран. Според еден од извештаите на Европската комисија, таксата од 330 евра  за 1000 литри керозин, би ги намалила емисиите на јаглерод диоксид за 11%.

airtickets2

Шведска веќе ги усвоила таксите за керозин уште во минатата година, а во оваа земја се погласно е движењето Flygskam („Срамота е да летате со авион“). Во моментот таксата изнесува од 6 до 38 евра по авионски билет, во зависност од дестинацијата, а се применува на сите летови чии појдовни точки с ешведските аеродроми. Се очекува и останатите европски земји наскоро да воведат слични мерки. Исто така, од Франција стигнува вест дека ова аземја разгледува воведување на закон со кој би се укинале домашните летови, доколку за нив постои алтернатива за воз пократка од 5 часа. Во предлог законот стои дека еден лет од Париз до Марсеј емитува 178kg јаглерод диоксид по патник, додека истото патување со воз генерира 4,14 kg од овој гас по патник.

airtickets4

Испрати коментар

Scroll To Top