Европјаните се повеќе купуваат електрични автомобли, покажуваат податоците на европското здружение на производители на автомобили. Во првиот квартал на оваа година, на подрачјето на ЕУ е забележан раст на продажбата на електрични и хибридни автомобили за 8,8% во споредба со истиот период минатата година, и вкупно се регистрирани 144.421 зелени возила, што е скромен број во споредба со вкупниот број регистрирани возила во ЕУ. Во првиот квартал на оваа година нивниот вкупен број е 3,5 милиони.
Бројот на електрични возила низ улиците во ЕУ се удвои и покрај приговорите дека нема доволна покриеност на улиците со станици за полнење и непостоење на субвенции во некои земји за купување на вакви возила. Најголем пораст на продажбата на електрични возила е забележен во Велика Британија (64%), Франција (34%), Италија (18%) и Германија (11%).